WEBVTT 00:00:01.000 --> 00:00:10.000 Добредојдовте во регистарот на базени на НЈВ. Во ова видео ќе научите како да го регистрирате вашиот базен во онлајн регистарот. 00:00:11.000 --> 00:00:15.500 Преку регистрирањето, ќе го направите вашиот базен побезбеден. 00:00:17.000 --> 00:00:28.000 Во вашиот веб-прелистувач одете на www.swimmingpoolregister.nsw.gov.au. Ова е почетната страна на веб- локацијата. 00:00:29.000 --> 00:00:31.500 Селектирајте го жолтото копче ‘Register Pool’ 00:00:32.000 --> 00:00:37.000 Потоа ќе се отвори страна која ги содржи чекорите за регистрирање на базенот. 00:00:38.000 --> 00:00:48.000 Штом сте спремни, внесете ја вашата адреса на е-пошта во соодветните полиња, а потоа внесете ги зборовите и буквите за проверка во полето „Captcha“. 00:00:53.000 --> 00:00:58.000 Ќе ви биде испратена е-порака со линкови за регистрација. Ако ја нема пораката во поштенското сандаче, проверете во непотребната пошта. 00:00:59.000 --> 00:01:09.000 Е-пораката содржи три линкови за продолжување на регистрацијата на базенот. 00:01:10.000 --> 00:01:15.500 Првиот линк е за регистрирање на базенот првпат. Ако не продолжите во рок од 24 часа, линкот за регистрација ќе престане да важи. 00:01:16.000 --> 00:01:20.500 Вториот линк ќе ве врати на страницата за регистрација ако првиот линк престанал да важи. 00:01:21.000 --> 00:01:27.000 Преку третиот линк ќе добиете повеќе информации за регистрирање на базенот. 00:01:28.000 --> 00:01:41.000 Постои и адреса на е-пошта и броеви за контакт ако ви е потребна помош. 00:01:46.000 --> 00:01:57.300 Кога ќе притиснете на првиот линк, ќе се најдете на страницата за информации за вашиот имот. Внесете го името на вашиот град, улица и број, а потоа притиснете на копчето „find property“. 00:01:58.000 --> 00:02:01.300 Би требало да се појави вашиот имот со текстуално поле до него. Штиклирајте го квадратчето ако е точна адресата. Во спротивно , проверете дали сте ги внеле правилно вашите податоци. 00:02:02.000 --> 00:02:09.500 Ако адресата не се појавува може да се обратите до одделот за помош. Штом ќе го изберете вашиот имот, штиклирајте го контролното квадратче, за да потврдите дека сте сопственик и или овластен претставник на имотот. 00:02:10.000 --> 00:02:14.800 На крајот, притиснете на копчето „Go to register your pools“. 00:02:15.000 --> 00:02:30.000 Тоа ќе ве одведе на нова страница каде треба да внесете сопственички податоци. Внесете го вашето име, изберете дали сте сопственик или агент на сопственикот, а потоа, изберете го видот на сопственост од постоечката листа. 00:02:32.000 --> 00:02:41.500 Притиснете на копчето „add details of a pool or spa“. Ќе се отвори скок-прозорец кое ќе ви побара прецизни податоци за вашиот базен. 00:02:43.000 --> 00:02:55.800 Од паѓачките менија одберете ја годината на изградба на вашиот базен, опис на состојбата на оградата од базенот и вид на базен или спа. 00:02:56.500 --> 00:03:08.000 Потоа ќе биде побарано да го опишете базенот. Кога ќе завршите притиснете на „Save“. Со тоа ќе се додадат податоците за базенот кон вашиот имот и ќе се затвори прозорецот. 00:03:10.000 --> 00:03:22.000 Податоците за вашиот базен или спа сега се прикажани на екранот. Може да додадете друг базен или спа, да ги измените прикажаните податоци или сè да избришете. 00:03:23.000 --> 00:03:36.000 Откако ќе ги внесите податоците за сите ваши базени, и штом сте сигурни дека сите информации се точни, штиклирајте го контролното квадратче, изберете „Register your pool“ и почнете со самотестирање. 00:03:37.700 --> 00:03:51.000 Страницата со резиме на регистрацијата ги покажува податоците за вашиот базен, вклучително и бројот на вашиот базен. Проверете ги податоците и почнете да ја тестирате безбедноста на вашиот базен со притискање на овој линк. 00:03:52.000 --> 00:04:05.600 Линкот отвора нова страница која го покажува вашиот вид на имот и базен и содржи .pdf список за проверка во врска со видот на базен и имот, за да проверите дали вашиот базен ги задоволува соодветните безбедносни стандарди. 00:04:06.000 --> 00:04:15.200 Овие списоци за проверка се достапни и во горниот дел од веб-страницата. Притиснете на копчето „Self-assess this pool“. Тоа ќе ве врати на претходната страна. 00:04:17.000 --> 00:04:29.000 Честитки! Вашиот базен е успешно регистриран. Притиснете на линкот за да го преземете уверението за вашиот базен во .pdf формат, за да го испечатите или снимите на компјутерот. 00:04:30.000 --> 00:04:34.000 Излезете од страницата со притискање на копчето „ Exit Registration“.